3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоаш го посакува Кагава?

Боаш го посакува Кагава?

kagavamava

Според последните информации, менаџерот на Тотенхем, Андре Вилаш Боаш смета дека во неговиот тим му е потребен фудбалер кој ќе ја организира играта.

И покрај фактот дека на таа позиција веќе ги има Ериксен и Холтби, сепак Португалецот го посакува играчот на „ѓаволите“, Шинџи Кагава.

Откако во летниот преоден рок потроши повеќе од 100 милиони фунти, Боаш смета дека тоа не е доволно и поради тоа ќе се обиде да го купи репрезентативецот на Јапонија.

Кагава и натаму не е стандарден во тимот на Јунајтед, а како што се наближува Мундијалот, сигурно би сакал да замине во некој клуб каде што ќе биде во првиот тим и така да ја подобри формата за натпреварувањето во Бразил.

Екипата од Лондон вчера беше убедливо поразена со 6:0 од Манчестер Сити, па ова можеби е сигнал до Боаш дека е време за ново засилување.

Тотенхем моментално е на деветата позиција во Премиер лигата, а екипата од Лондон постигна само девет голови во досега одиграните 12 кола, што нормално е многу малку за тим кој има амбиции да игра во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП