25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.11.2013

Дневен хороскоп 25.11.2013

horoskopskopskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Може да бидете многу успешни во работата која од вас бара способност некого да го убедите во нешто, можно е да станува збор за приватен проект или за некоја работа која би можела да биде добро платена во соработка со странци. Очекувате повик од лице со кое треба да се сретнете во странство. Се чувствувате подготвени да го продлабочите новото пријателство кое многу брзо може да се претвори и во добра профитабилна соработка. Добро се сложувате со некој Јарец кој ги стимулира вашите амбиции.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Последната четвртина од Месечината во Девица во транзит преку астролошката куќа на креативноста и понатака се рефлектира на вашата работа во форма на силни амбиции, но и нервоза. Подготевени сте да се борите за вашето место под сонцето. Планирате како да ги инвестирате парите во работата и дали тоа ќе ви се исплати. Некој ќе ги исполни вашите желби, и тоа треба да го цените, особено ако станува збор за некој Лав, Јарец или Шкорпија кои поради вас ќе направат некои големи отстапки. Можна е соработка со лица кои се занимаваат со уметност.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Сонцето сеуште ве стимулира кога станува збор за односот со вашите блиски лица со кои сакате да се договорите за некои важни прашања. Сепак, Месечината во Девица не е поволна позиција за оние кои се родени на почетокот на знакот. Вашата желба да бидете оставени сами малкумина ја почитуваат. Многу лица во последно време ве прашуваат за совет, внимавајте што ги советувате. Не би требало премногу да се оптеретувате со случувањата во минатото. Обидете се да ги зголемите приходите.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Месечината е во последната четвртина на Девица и оттаму дејствува малку повеќе на некакви сентименти и односи со подалечни роднини, или пак на вашата емотивна состојба поради некакви документи, решенија или банкарски кредитни проблеми. Од друга страна, Нептун е исклучително силен и претпоставува многу интуитивни можности, но и засилена мечта, па во зависност од вашето его, ангажман и посакувања, може да бидете почестени со можноста да предвидите некои случувања, ако не посакувате премногу некакво одредено случување. Можност за добра заработка.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Се обидувате да започнете некои нови нешта, нови активности, нови проекти или што било друго, но прв пат, а немате премногу искуство и опит за истите работи, па се потпирате на имагинацијата и креативноста, а убаво би било некого и да запрашате што е и како е, можеби ќе добиете и валиден совет, а можеби и конкретна помош. Можни се и некакви нови односи во вашата канцеларија, или откритие дека некој од вашите колеги веќе пораснал за да го третирате како дете. Одлични односи со блиските соработници.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Некакви активности ќе ви ги одвлечат вниманието и енергијата, некакви случувања во јавноста, можеби и со одредени емотивни набои кои ќе зависат од вашите лични хороскопи, можеби со некакви случувања на партенрски план, деловен или приватен план. Имате неколку дена на одлични аспекти иако на пладне денес може да имате и непријатна дискусија со деловниот партнер и тоа поради вашата инаетливост или погрешно толкување на кажаното, особено лошо примена шега која и не е насочена кон вас. Воздржете се од непримерни коментари. Парите во овој период ќе бидат вашата слаба страна.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Можеби е денес денот да смените некои однесувања на кои им робувате и да пронајдете ваш израз кој ќе ве промовира како човек со сопствен интегритет и мислења, а не само како некој кој ги следи зацртаните и очекуваните параметри на средината. Поточно, на деловен план можни се комуникации со значајни луѓе, но на ваш посебен начин кој остава впечаток и ја зголемува заинтересираноста за вас што е прв предуслов кон некаква промоција и напредување.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можеби ќе пронајдете свој начин во остварувањата на некакви планови и идеи и нема да ги послушате советите или филозофиите на другите околу вас во врска со некои пари, позајмици, некакви активности со банки или документација, а во врска со пари. Всушност, имате свој стил и во еден следен период ќе инсистирате на своето мислење и своите постапки и нема да погрешите. Приклонувањето кон некакви стандарди, медиокритетски правила всушност води кон неуспех, особено ако се во прашање проценки или начини на заработка.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидејќи вниманието ќе ви биде насочено кон деловниот партнер или некоја ваша јавност, најчесто ќе забележувате работи и детали кои другите ги пропуштаат, не ги забележуваат, а во таа смисла на партнерот може да му бидете од непроценлива корист, нормално ако односите ви се добри, и ако имате заемно почитување и рамноправен однос. Во спротивно, вашите настојувања во смисла на претходно посоченото и одбивања од негова страна да ги прифати вашите укажувања и совети, можат да се одразат негативно. Внимавајте, премногу трошите пари на незначајни работи, а всушност немате толку колку што трошите.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Немате баш пријателски комуникации со знакот на Јарецот, но сепак имате доза на почитување бидејќи му ја цените силата. Таа ќе ви помогне во некои остварувања на деловен план, на планот на статусот, но остварувањата можат да ве направат прилично егоцентрични, горди, суетни, па со таков однос да стекнете еден куп “обожаватели”. Внимавајте на својата амбициозност, колку е пореална, толку ќе наидувате на луѓе кои ќе бидат подготвени да ви наштетат.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Во следниот месец ќе имате многу прилики и ситуации да ги задолжите луѓето и тоа навистина голем број од нив со пружање некаква помош, услуги, совети и да се здобиете со завиден рејтинг, почит и признанија, се разбира, работи кои ви конвенираат и ви одговараат. Морате да внимавате малку на вашите прехранбени и хигиенски навики но и стил на облекување, бидејќи и едното и другото директно влијае врз вашиот здравствен билтен но и врз вашето окружување во деловниот свет. Во овој период ќе почувствувате недостаток на пари.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Бидете подготвени да влезете во некаков бизнис аранжман со некоја Водолија ако таа ви вети добри услови за работа. Прилично сте нервозни и недоволно подготвени да се прилагодите на некого. Се чувствувате одговорни дека мора да ги исполните ветувањата кои сте и ги дале на некоја личност која на вас ви е многу драга, без оглед дали се работи за незадолжително партнерство или за нешто што ќе премине во посериозно или долгогодишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП