26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН Македонија ќе управува со малите хидроцентрали

ЕВН Македонија ќе управува со малите хидроцентрали

mhe

ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали, кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол, соопштија од компанијата. Во текот на овие 11 години ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компатабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 МВ, што претставува зголемување за 10 отсто, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова Хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 ГВч електрична енергија.

ЕВН Македонија, како што се наведува во соопштението, ја негува културата за заштита на животната средина, и затоа постојано вложува во модернизирање и градење капацитети за производство на електрична енергија од обновливи ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП