5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекенбауер: Ибрахимовиќ и Роналдо не би се вклопиле во концепцијата на Гвардиола

Бекенбауер: Ибрахимовиќ и Роналдо не би се вклопиле во концепцијата на Гвардиола

voishmel

Франц Бекенбауер, почесниот претседател на Баерн Минхен за германските медиуми говореше околу претпоставките Златан Ибрахимовиќ или
Кристијано Роналдо да го засилат германскиот гигант.

Легендарниот Кајзер не верува дека овие две фудбалски ѕвезди би се вклопиле во тимот предводен од Пеп Гвардиола.

– Сметам дека ниту Ибрахимовиќ, ниту Роналдо не би се нашле во замислите на актуелниот тренер на Баерн, истакна Бекенбауер, кој додаде дека извонредно засилување би
претставувал ангажман на Лионел Меси.

Поранешниот германски репрезентативец и селектор искажа пофални зборови и за Роберт Левандовски за кого смета дека дополнително ќе ја засили конкуренцијата во нападот.

– Со Левандовски ќе бидеме уште посилни и пофлексибилни отколку што сме сега. Што побрзо го облече дресот на Баерн тоа подобро за нас, рече почесниот претседател на
актуелниот германски и европски шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП