2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуските олимпијци ќе добиваат по 4 милиони рубљи за златен медал

Руските олимпијци ќе добиваат по 4 милиони рубљи за златен медал

medali

Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев потпиша декрет според кој руските спортисти ќе добијат по 4 милиони рубли или близу 100.000 евра за златен медал на Олимписките Игри во Сочи.

Документот објавен утринава на сајтот на Владата, гласи „Воспоставувањето паричен надоместок за руските спортисти за нивните достигнувања на XXII Зимски олимписки игри и XI Зимски параолимписки игри се во висина од 4 милиони рубљи за златен медал, 2,5 милиони рубљи за сребрен медал и 1,7 милиони рубљи за бронзениот медал“.

Според Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко се очекува „Зборнаја“ да освои многу медали затоа што ќе настапи со 225 учесници во игрите во Сочи.

Одлуката на Медведев е дел од трендот што се наметнува во последните години во рускиот спорт, според која премиите на спортистите се ориентирани според постигнатите резулати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП