3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија му го прости данокот на Марадона

Италија му го прости данокот на Марадона

maradona1

Диего Марадона, поранешната фудбалска ѕвезда на италијанскиот прволигаш Наполи, конечно ја доби правната битка против италијанските даночни власти и сега „може да се врати во Италија како слободен човек“, изјави неговиот адвокат.

Марадона беше осуден од италијанскиот суд во 2005 година, поради даночна измама, тогаш тој требаше да плати 37,2 милиони евра, од кои 23,5 проценти камата.

Меѓутоа, италијанското судство на 3 ноември 2011 година одлучи да го разгледа предметот од почеток, поради „процедурални гршки“.

Според извештајот од агенцијата „Анса“, судот задолжен за повторно разгледување на случајот кој беше покренат против спортскиот фудбалски клуб Наполи и неговите надворешни членови, помеѓу кои е Марадона, бразилците Карека и Амемао.

„Марадона конечно е ослободен од тој даночен кошмар и манипулацијата против него“, изјави неговиот адвокат Ангело Писани, додавајќи дека Марадона ќе покрене постапка против Даночната агенција во Италија поради „клевета, нарушување на неговиот личен углед и на неговото лично богатството“. Фудбалската легенда има намера да поднесе тужба и да го побара истиот износ кој италијанските даночни власти го побараа од него, околу 40 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП