30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт за идната година најави нов светски рекорд на 200 метри

Болт за идната година најави нов светски рекорд на 200 метри

Usain Bolt

Спринтерот од Јамајка Усеин Болт најави соборување на сопствениот и актуелен светски рекорд на 200 метри.

Тој денеска присуствуваше на обиколка на Олимпискиот стадион во Токио и при тоа на новинарите им порача идната година да очекуваат нов рекорд во неговата омилена дисциплина.

– Со тренерот одлучивме да се фокусираме на трките од 200 метри. Најважно е да не се повредам, тоа ми е главна цел и ако ја исполнам тогаш со сигурност одам на светски рекорд, истакна Болт.

Атлетичарот од Јамајка минатата година на Светското првенство во Москва победи во дисциплините 100 метри, 200 метри и во штафета 4х100 метри.

Тој е актуелен светски рекордер на 200 метри со резултат 19,19 секунди и на 100 метри со резултат 9,58 секунди.

Рекордите ги постави на Светското првенство во Берлин 2009 година.

Болт сака да се „пензионира“ по Олимпијадата во Бразил 2016 година, но како што изјави, личниот тренер инсистирал најбрзиот спринтер на светот да остане на патеките и да учествува и на ЛОИ во Токио 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП