27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед - Валенсија и милиони за Снајдер?

Јунајтед – Валенсија и милиони за Снајдер?

snajder112

Екипата на Манчестер Јунајтед повторно се поврзува со одличниот холандски репрезентативец.

Овој пат во планот за доведување на Снајдер е вклучен и Антонио Валенсија, кој би требало да се пресели во Галатасарај во замена на Холанѓанецот, но турскиот клуб би барал и одредена сума на пари како дел од овој трансфер.

Искусниот холандски репрезентативец прикажува одлични партии од кога дојде во Галатасарај.

Во минатата сезона, екипата дојде до четврт-финалето во Лигата на шампионите, а пак во домашното првенство успеа да ја освои титулата. Оваа сезона на 29 натпревари постигна 9 погодоци.

Новиот менаџер на тимот, Роберто Манчини со сигурност лесно нема да се откаже од поранешниот играч на Реал Мадрид и Интер, но понудата во која е вклучен и Еквадорецот можеби ќе му биде привлечна.

Валенсија не прикажува добри партии оваа сезона во дресот на Јунајтед. Тоа може да послужи како причина Дејвид Мојс да се ослободи од Валенсија, но и Јанг и Нани, играчи кои во клубот ги доведе поранешниот менаџер. Па така Мојс би можел да ја формира екипата според своите желби.

Снајдер дојде во Галатасарај по неколку лоши сезони во Интер. Тој одлично започна во дресот на „нероаѕурите“, освои три титули во една сезона, но тогаш започнаа лошите партии и поради тоа тимот од Милано одлучи да го продаде на турскиот клуб.

Покрај висината на обештетувањето, проблем при доведувањето на Снајдер може да биде и неговата голема плата, за која во Манчестер не се подготвени да ја платата. Доколку дојде до договор меѓу двете страни, прашање е дали Снајдер ќе прифати да игра за помалку пари во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП