Фудбалските клубови од Премиер лигата во текот на јануари потрошија речиси 130 милиони фунти, соопшти ревизорската куќа „Дилоит“.
Извештајот покажува дека во јануари оваа година, се потрошени двојно повеќе пари отколку во истиот период минатата година.
Зимскиот период за трансфери заврши на 31 јануари на полноќ, а во последниот ден беа потрошени 35 милиони фунти.
„Во зимскиот период на трансфери, активни беа неколку купувачи. Квинс Парк Ренџерс, Њукасл и Ливерпул платија повеќе од половината од вкупниот износ во овој период на трансфери, додека четири клубови, вклучувајќи го и шампионот Манчестер Сити не потрошија ништо“, се вели во соопштението.
Во зимскиот преоден период, 62 проценти од парите се потрошени за странски играчи, а 21 процент на фудбалерите од Премиер лигата.
Во јануари минатата година клубовите од премиер лигата потрошија 60 милиони фунти, а една година претходно беа потрошени 225 милиони фунти.
Тоа се случи благодарение на Челзи и Ливерпул. Управата на лондонските клубови плати 50 милиони за трансфер на Фернандо Торес од Ливерпул и 22 милиони за Давид Луис. Клубот од „Енфилд“ потроши 35 милиони фунти за напаѓачот од Њукасл, Енди Керол и 23 милиони за Луис Суарес.
За споредба, Манчестер Сити во овој преоден период не купи ниту еден играч, иако важи за еден од најактивните купувачи.
Во јануари 2011 година потрошени се најмногу пари досега. Тогаш клубовите потрошија 225 милиони фунти за зимските засилувања. Кога станува збор за летниот преоден период, забележана е 2007 година кога беа потрошени дури 740 милиони фунти.