30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSABMiller го зголеми профитот во првата половина од фискалната година

SABMiller го зголеми профитот во првата половина од фискалната година

sabsab1

Вториот по големина светски производител на пиво „SABMiller“ го зголеми профитот во првата половина од фискалната 2013/2014 година завршена на крајот на септември, воглавно благодарение на порастот на продажбата во Африка, која го компензираше падот во Европа и Северна Америка.

Во наведениот период, бруто оперативниот профит (ЕБИТДА) пораснал за седум проценти, на 3,27 милијарди долари, во однос на истиот период минатата година, додека пак, прогнозата на експертите била 3,22 милијарди долари, се прецизира во соопштението на оваа американска компанија.

Приходите од продажбата се зголемиле за еден процент и достигнале 13,79 милијарди долари, колку што очекувале аналитичарите во просек.

За втората фискална година (октомври-март), компанијата предвидува дека глобалното опкружување ќе остане речиси исто и дека продажбата ќе ја поттикнуваат пазарите на земјите во развој, додека пак, побарувачката во Европа ќе остане послаба од очекувањата, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП