
Најбогатиот Кинез ќе инвестира во лидерот во италијанската Серија А, Рома, објави финансискиот весник „Il Sole 24 Ore“.


Најбогатиот Кинез ќе инвестира во лидерот во италијанската Серија А, Рома, објави финансискиот весник „Il Sole 24 Ore“.
Според изданието, 58-годишниот Ванг Џианлин кој има лично богатство од 14 милијарди долари, остварил средба со претседателот на Рома, Џејмс Палота и со претставници на „Уникредит“ Њујорк. Тие разговарале заз големување на капиталот на компанијата „Neep Roma Holding“ која го поседува тимот. 69 проценти од неа му припаѓаат на Палота и негови американски пријатели, а останатите 31 процент се во сопственост на банката.
Џианлин е сопственик на најголемата компанија за изградба на деловен простор во Кина – „Wanda Group“. Тој сака да се прошири во САД и Европа. Неговите најголеми страсти надвор од бизнисот се уметноста и фудбалот. Тој и даде 17 милиони долари на кинеската фудбалска федерација. За уметност, пак, е уште повеќе великодушен. Сликата на Пикасо „Клод и Палома“ беше купена од него за сума од 28 милиони долари, за што си навлече куп критики во татковината.
Бидејќи специјалитет на Џианлин е градежништвото, тогаш логично претпоставките се дека со неговото влегување во управата на Рома ќе стартува изградбата на нов стадион за „волците“.