5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул подготви понуда за Митроглу

Ливерпул подготви понуда за Митроглу

mitroglu

Ливерпул сака да доведе напаѓачот на Олимпијакос, Костас Митроглу, кој стана херој на грчкиот национален тим. 25-годишниот напаѓач постигна три од четирите гола во против Романија за време на двете бараж средби меѓу двете репрезентации во зона Европа.

Грција победи со 3:1 во првиот натпревар, кога Митроглу се запиша 2 пати, а реваншот во Букурешт заврши 1:1 и напаѓачот на Олимпијакос повторно беше прецизен.

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс испратил скаути кои го набљудувале фудбалерот за време на првиот натпревар со Романија во Атина. Тие поднеле детални извештај за презентација на Митроглу и според позитивните проценки, Роџерс одлучил дека сака да го привлече во зимскиот трансфер прозорец.

Екипата на Ливерпул ќе предложи 7 милиони фунти за напаѓачот за кон кој интерес пројавуваат уште Арсенал и Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП