28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОUEFA ќе казни шест учесници во Лига Европа

UEFA ќе казни шест учесници во Лига Европа

uefa istraga

Европската фудбалска федерација започна истрага против шест клубови учесници во Лига Европа, поради кршење на финансискиот фер плеј.

Од „UEFA“ изјавија дека Сконто Рига, Сласк Ворцлав, Виторија Гимараеш, Пандури и Металург Доњецк се клубовите кои задоцниле со враќањето на долговите.

Истрагата ќе ја води Финансиското тело за контрола на клубовите со кое претседава премиерот на Белгија, Жан Лик Дин, а санкциите ќе бидат изречени во декември.

Споменатите клубови кои се најдоа во групата од триесет и една спортска организација кои до септември не ги исплатиле платите на играчите и на тренерите, но и даноците, сепак останатите 25 случаи биле решени.

Клубовите мораат да ги регулираат финансиските обврски кои ги имаат кон играчите и државите, доколку сакаат да ја добијат лиценцата од своите национални федерации за учество во натпреварите кои се под капата на „UEFA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП