4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru WRX за 2014-та година

Subaru WRX за 2014-та година

wrx

На саемот за автомобили во Лос Анџелес премиера имаше наследникот на моделот „Impreza WRX“. Иако се направени многу подобрувања во однос на неговиот претходник, за жал „Subaru“ не го искористи потенцијалот во дизајнот од концептната верзија која беше претставена во пролетта во Њујорк.

„Subaru“ уште еднаш го докажа правилото дека по стилски совршениот концепт, пристигнува не така убедлив продукциски модел. На сериската верзија остана многу малку од тоа што го видовме во март, кога беше прикажан „WRX Concept“ – само неколку аеродинамички додатоци и големиот отвор за воздух на хаубата.

wrx1

Намалени се и димензиите на тркалата, од 20 на 17 инчи, па автомобилот повеќе не го дава оној впечаток на сила кој кај концептот беше премногу изразен.

Сепак, не треба да се заборави дека „WRX“ тука да се натпреварува за најубав дизајн, туку да се докаже како врвен спортски автомобил. Од „Subaru“ тврдат дека новиот „WRX“ има подобро управување и перформанси, благодарејќи меѓу останатото и на подобрениот симетричен погон на сите тркала.

wrx2

Подобрено е и однесувањето во кривините при големи брзини, благодарејќи на новата шасија и специјално прилагодената суспензија, додека за безбедноста и квалитетот на сопирањето, вградени се поголеми и помоќни сопирачки.

Автомобилот има за 25mm подолго меѓуосовинско растојание во споредба со претходникот, па во таа смисла нуди и нешто поголем комфор, употребени се и нови материјали во внатрешноста, нова технологија, а за прв пат во моделот „WRX“ во понудата е и премиум „Harman/Kardon“ аудио системот.

wrx3

Под хаубата се наоѓа и нов 2.0 литарски турбо боксер мотор со директно вбризгување со 272 ks (200 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент, кој е достапен меѓу 2.000 и 5.200 o/min.

Moторот стандардно е поврзан со шестстепен мануелен менувач, додека како опција во понудата на менувачот „Sport Lineartronic CVT“ е со два мануелни начини за промена на степенот на преносот.

wrx4

„Subaru WRX“ е во состојба од 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) да забрза за 5,4 секунди со помош на мануелниот менувач, додека на „CVT“ верзијата за постигнување на истата брзина и е потребна една секунда повеќе.

Цената и датумот на почетокот на продажбата на моделот „WRX“ засега не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП