11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс не се откажува од Бејнс!

Мојс не се откажува од Бејнс!

mojs-bejns

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ќе направи нов обид да го купи дефанзивецот на Евертон, Лејтон Бејнс.

Двајцата одлично се познаваат откако заедно работеа на „Гудисон Парк“, а Мојс во лицето на 28-годишниот англиски репрезентативец гледа совршена замена на Патрис Евра, кој најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

За време на летниот преоден рок „црвените ѓаволи“ не успеаа со понудите од 10 и 12 милиони фунти да го купат англискиот репрезентативец, но тие никогаш не се откажаа од Бејнс.

Според одредени медиуми трансферот може да се реализира со сума од 20 милиони фунти, затоа што толкав е износот што го сака Евертон за левиот бек. Од почетокот на сезоната Лејтон Бејнс настапи на 11 натпревари и постигна 2 гола за тимот од Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП