8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Светците“ со 50 милиони евра ќе го „крадат“ Погба

„Светците“ со 50 милиони евра ќе го „крадат“ Погба

Paul-Pogba1a

ПСЖ е подготвен да го „украде“ младиот француски репрезентативец од редовите на Јувентус, пренесуваат светските медиуми.

Еден од младите фудбалери кои привлекува најмногу внимание, Пол Погба, влезе во радарот на клубот од „градот на светлината“.

Францускиот шампион е во процес на создавање проект кој за цел ќе има да ги врати на врвот, проект во кој пионер беше Златан Ибрахимовиќ и проект кој подразбира нови вложувања во тимот.

Со поддршка од катарските сопственици, нема сомневање дека ПСЖ ги има потребите средства за посакуваните засилувања, а едно од имињата на листата е и Пол Погба, момчето кое го следат сите европски гиганти.

Јувентус е одлучен во намерата да го задржи фудбалерот во кој ја гледа својата иднина, но и раководството на „старата дама“ е свесно за тоа дека Французинот би можел да си замине за вистинската отштета.

Се претпоставува дека понудата од 50 милиони евра, колку што се шпекулира, би била доволна шампионот на Италија да даде зелено светло за трансферот и Погба да се врати во својата татковина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП