17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани се најде на списокот на Јувентус

Нани се најде на списокот на Јувентус

Manchester United v Fulham - FA Cup Fourth Round

Играчот на Манчестер Јунајтед  и португалската репрезентација, Луис Нани повторно се најде во трансферниот список на актуелниот италијански шампион, Јувентус.

Раководството на „Старата Дама“ размислува за доведување на Португалецот од тимот од „Олд Трафорд“ со кој се надеваат дека екипата од Торино ќе продолжи со добрите игри во Серија А. Тренерот на Јувентус, Антонио Конте има желба да проба нова тактика која ќе биде 4-2-4, а за таа цел му е потребен играч од рангот на Нани.

Според информациите кои пристигнуваат од Островот, раководството на Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со крилото, затоа што оваа сезона Португалецот се поретко се наоѓа во почетниот состав на тимот.

Нани оваа година потпиша нов договор со Јунајтед и ќе биде играч на „црвените ѓаволи“ до 2018-та година. Сепак не е исклучена опцијата фудбалерот да биде даден под наем во некој тим кој ќе му обезбеди место меѓу стартерите. Нормално на ваквата одлука би се согласил и самиот Нани, поради тоа што неговата земја ќе настапи на Мудијалот, па тој би сакал да ја одржува потребната форма за да се најде меѓу патниците кои ќе заминат за Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП