понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот „Twin Up! има потрошувачка од 1.1 l/100km

Концептот „Twin Up! има потрошувачка од 1.1 l/100km

twin-up

Фолксваген официјално го претстави концептот „Twin Up!“ кој е мал градски автомобил, а според фабричките податоци ова возило има просечна потрошувачка од 1.1 l/100km. Дизел хибридниот мотор е превземен од моделот „XL1“ кој беше претставен на саемот во Женева кој се одржа во март оваа година.

Дизел моторот во автомобилот има работна зафатнина од 800 кубика, а моќта се пренесува преку седумстепената менувачка кутија со систем со двојно квачило. Возилото е тешко околу 1.2 тона, а пакетот од литиум-јонската батерија овозможува возење во должина од околу 50 километри само со електричниот мотор.

Комбинираниот погон произведува 74KS и 215Nm вртежен момент, што му овозможува забрзување до „стотка“ за 15.7 секунди со максимална брзина од 140km/h.

Во Фолксваген се уште не донесоа одлука дали „Twin Up!“ ќе се најде во производство, а да потсетиме дека електричниот „Е Up!“ се најде во продажните салони ширум Европа од септември и чини 26.900 евра. Споменатиот „XL1“ исто така ќе се најде на пазарот, но само во ограничена серија од 200 примероци и неговата цена достигнува 111.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП