5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКого нема да гледаме во Бразил?

Кого нема да гледаме во Бразил?

fudbaleri sp

Практично познати се сите учесници на Мудијалот 2014-та, па така и познато е, кои од големите фудбалски ѕвезди нема да ги гледаме во Бразил.

Златан Ибрахимовиќ им се приклучи на неколкуте феноменални играчи кои следното лето нема да бидат дел од светската елита. Најголемото име меѓу нив е секако најскапиот фудбалер во светот на сите времиња, Герет Бејл.

На оваа листа можеме да ги ставиме и капитенот на Србија, Бранислав Ивановиќ, најдобриот голман кој ќе го пропушти Мудијалот е Петр Чех, а нема да можеме да го гледаме и Роберт Левандовски.

Во Бразил нема да бидат и големите ѕвезиди од Црна Гора, Стеван Јоветиќ и Мирко Вучиниќ. Ние ќе бидеме лишени и од феноменалниот дански плејмејкер кој игра за Тотенхем, Кристијан Ериксен, потоа и од Ерменецот од Борусија Дортмунд, Хенрих Мхитаријан, како и бекот на Баерн од Австрија, Давид Алаба.

Не треба да се заборави и словенечкиот голман, Самир Нахдановиќ, потоа Словакот, Марек Хамшик, но и многу други кои се меѓу најскапите фудбалери во Европа.

Кој Вам ќе ви недостига на Светското првенство во Бразил следното лето?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП