4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМихајловиќ ја напушти Србија и замина во Сампдорија

Михајловиќ ја напушти Србија и замина во Сампдорија

sinisa

Синиша Михајловиќ официјално ја напушти функцијата селектор на Србија, а својата кариера ќе ја продолжи како тренер на Сампдорија. Во италијанскиот тим тој ќе го заменува отпуштениот Делио Роси.

Договорот на Михајловиќ истекуваше на крајот на овој месец и по преговорите со Српската Федерација тој одлучил да го напушти националниот тим, кој нема да игра на Светското првенство следната година.

„Оваа одлука ја донесов со голема тага, бидејќи подготвуваме нова генерација и нов српски тим, со многу надежни имиња. Го прифатив предлогот на Сампдорија, каде играв 4 години. Сакам да истакнам дека понудата на италијанскиот клуб малку влијаеше на мојата одлука. Си заминувам, бидејќи немам гаранции дека претседателот на федерацијата Томислав Караџиќ и секретарот Зоран Лаковиќ ќе ги задржат своите позиции“, објасни Михајловиќ.

По 12 круга во Серија А Сампдорија е зоната за испаѓање и го зазема 18-тото место на табелата со освоени 9 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП