2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ постигна 12 поени во дуелот против првакот Мајами

Антиќ постигна 12 поени во дуелот против првакот Мајами

antiku

Екипата на Атланта по две победи доживеа пораз на гостувањето кај шампионот Мајами со 104:88 (24:25; 24:20; 30:23 и 26:20), а Перо Антиќ постигна за него рекордни 12 поени на еден натпревар во НБА лигата.

Македонецот во игра беше нешто повеќе од 15 минути имаше шут 4/8 од игра, 2/3 за три поени, 2/3 за еден поен, 4 скокови (1 офанзивен + 3 дефанзивни), 1 асистенција, 2 украдени топки и 2 грешки.

По изедначеното прво полувреме, во вториот дел без многу напори првакот Мајами стигна до победата пред се благодарение на добриот шут.

Ова беше осма победа за „жешките“ во деветтиот натпревар на овие два тима, а петта во низа.

Во тимот на Атланта покрај Антиќ, 12 поени постигна и Ал Хорфорд, додека Мајк Скот имаше 15.

Кај победникот Крис Бош реализираше 19, Реј Ален 17, а Марио Чалмерс 14.

На другите натпревар одиграни ноќеска: Вашингтон – Минесота 104:100, Детроит – Њујорк
92:86, Хјустон – Бостон 109:85 и Сакраменто – Феникс 107:104.
Вечерва се играат 13 натпревари, а Атланта игра дома со Детроит. Другите двојки се: Шарлот –
Бруклин, Кливленд – Вашингтон, Њујорк – Индијана, Орландо – Мајами, Филаделфија –
Торонто, Милвоки – Портланд, Минесота – Лос Анџелес Клиперс, Њу Орлеанс – Јута, Сан
Антонио – Бостон, Феникс – Сакраменто, Далас – Хјустон и Голден Стејт – Мемфис. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП