ПочетнаЗДРАВЈЕСладолед, вода и ефикасна крема за заштита од сонце - се што...

Сладолед, вода и ефикасна крема за заштита од сонце – се што ви треба ова лето!

Летото е период кога сите сакаме да уживаме на сонце, но истовремено и да се заштитиме од неговите штетни ефекти. Постојат некои најнеопходни работи што треба да се имаат секогаш со себе под силното сонце:

Ништо не може да го освежи телото и духот како вкусен сладолед. Дали се преферира ванила, чоколадо или овошни вкусови, сладоледот е совршен начин човек да се разлади во жешките летни денови. Овој замрзнат десерт не само што освежува, туку и расположува, особено ако се работи за превисоки температури.

Хидратацијата е можеби најклучна, особено кога е пеколно топло. Водата помага да се одржи балансот на телесните течности, ја регулира телесната температура и ги елиминира токсините од телото. Без разлика дали сте на плажа, планина или во град, секогаш треба да се носи со себе шише вода за да се остане хидриран.

@eucerin.nmk

Уживањето на сонце и покрај базен е комплетно само со сигурна СПФ заштита. Eucerin Hydro Protect SPF 50 е мојот доверлив избор.

♬ original sound – Eucerin NMK – Eucerin NMK

За да се искористи максимално времето под летното сонце и да се остане безбеден, потребна е вистинската заштита и освежување. Еден од најдобрите производи на пазарот е Eucerin Sun Hydro Protect SPF 50+ Овој ултра-лесен гел-крем обезбедува висока UVA и UVB заштита, инстантно се впива во кожата и на допир таа останува сува. Идеален е за масна и кожа склона кон акни, и не остава траги на облеката или костимот за капење. Со неговата напредна спектрална технологија и додатоци како Ликохалкон А и Глициретинска киселина, ја штити кожата од слободните радикали и ја поддржува нејзината природна регенерација.

@eucerin.nmk

Сакам да патувам, посебно во лето. Да уживам на плажа, и во вода. А за да бидам сигурна секогаш одбирам квалитетна СПФ заштита. Еуцерин е мојот докажан избор!

♬ original sound – Eucerin NMK – Eucerin NMK

Лесната летна облека и шеширот со широк раб исто така заштитуваат од директната сончева светлина, додека чадорот за плажа обезбедува сенка и моментално ослободување од жештината од директнотото сонце. Сепак, исклучително е важно редовно да се нанесува квалитетна крема за сонце што ја штити кожата. Со овие неопходности, секој би можел да се релаксира и да ужива безгрижно во летото.

(ПР објава)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП