13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалијани бара од Милан отштета од 50 милиони евра!

Галијани бара од Милан отштета од 50 милиони евра!

galijanito

Адријано Галијани станува „персона нон грата“ меѓу „росонерите“. Барбара Берлускони прави се што е можно да се ослободи од него и тоа што е можно поскоро, но тој бара огромна отштета!

Ќерката на Берлускони сака веднаш да ги превземе конците во Милан, Галијани би требало да си замине во јуни, но Барбара инсистира нови луѓе да го превземат раководството и тоа пред зимскиот преоден рок.

На листата на чекање се директорот на Фиорентина, Праде кој веќе ги извести „виолетовите“ дека нема да потпише нов договор и дека сака да замине во Милан, како и Паоло Малдини кој ќе биде прв човек на спортскиот сектор.

Во јуни се очекува Кларенс Сидорф да ја превземе тренерската функција, меѓутоа, Барбара смета дека новиот тим треба да почне да се прави веќе оваа зима, со оглед дека Милан нема никакви шанси да се бори за топ-3.

Галијани несака да си замине пред јуни, тој бара отштета за да го напушти клубот и дал максималистичко побарување од 50 милиони евра. Како што се говори, клубот му понудил 10, но сега неговиот адвокати преговараат за поголема сума. Инаку за потсетување Галијани дојде во клубот во 1986-та година, заедно со Берлускони.

Доколку прифати да си замине, сумата која ќе ја добие за отштата ќе биде платена од средствата на клубот и ќе влезат меѓу трошоците за наредната календарска година, што значи дека Берлускони одбива да го финансира ова раскинување на соработка.

И тој самиот најверојатно не е задоволен од Галијани, односно од преодниот рок. Напаѓачите кои пристигнаа во изминативе години оваа есен постигнаа само неколку голови. Матри е разочарување, а Балотели воглавном е надвор од теренот. Најстандарден е Робињо на кого во Милан не сметаа сериозно и правеа се да го продадат во последните два преодни рока.

И натаму главна замерка е тоа што Рома и Фиорентина кои имаат помалку пари од Милан доведуваат подобри играчи, па поради тоа е и желбата Праде, кој оформи одличен тим во Фиренца, да ја започне новата ера во Милан.

Како и да е, со 30 милиони отштета, Адријано Галијани би можел да замние во пензија, а потсетуваме дека бизнис врската Галијани-Берлускони започна во седумдесетите години, кога тој му ја продаде компанијата и остана да работи за него.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП