Англискиот шампион Манчестер Јунајтед е заинтересиран за 25-годишниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Аргентина, Анхел Ди Марија, соопшти „El Mundo Deportivo“.
Според овие информации, „црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат Ди Мариа уште во зимскиот преоден рок и раководството на клубот од „Олд Трафорд“ е подготвено да плати 21 милион евра за правата на фудбалерот.
Сепак, малку е веројатно дека од Реал ќе се согласат на овој трансфер, бидејќи тренерот на клубот ќе се обиде да го искористи Аргентинецот на местото на повредениот Сами Кедира.
Инаку за потсетување екипата на Манчестер Јунајтед пројави интерес и кон германскиот репрезентативец во редовите на „кралевите“, но сепак поради повредата на Кедира кој ќе отсуствува од терените во следните шест месеци, „ѓаволите“ се откажаа од својата намера.