ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕкранот на овој телефон на преклоп може да издржи 500.000 превиткувања

Екранот на овој телефон на преклоп може да издржи 500.000 превиткувања

„Samsung“ истакна дека екранот што го користи за „Galaxy Z Fold 7“ може да се свитка двојно повеќе пати во споредба со екраните на претходните верзии на овој модел.

Преклопниот OLED панел остана целосно функционален откако беше подложен на тест за издржливост од страна на компанијата за сертификација „Bureau Veritas“, при што беше свиткан 500.000 пати за 13 дена.

Ова значи дека екранот може да трае повеќе од 10 години ако корисникот го преклопи телефонот околу 100 пати на ден. Во својата изјава, „Samsung“ наведе дека издржливоста повеќе не е ограничувачки фактор во животниот век на преклопните паметни телефони.

Компанијата пронашла инспирација за отпорната конструкција на новиот преклопен OLED панел од непробојно стакло. Ја зголемила дебелината на надворешниот слој од стакло за 50 проценти и користела високоеластично лепило за секој слој од панелот за подобро апсорбирање на надворешниот удар.

Новиот дисплеј може исто така да го дистрибуира ударот порамномерно низ целата површина, а „Samsung“ користел титаниумска плоча за да ја поддржи целата структура за дополнително да ја зајакне. Покрај тоа, со користење на понапредни материјали и редизајнирање на слоевите на панелот, компанијата успеа да постигне потенок профил на уредот, па сега изгледа и се чувствува како обичен телефон.

Претходните верзии на „Galaxy Z Fold“, од првата до шестата генерација, беа сертифицирани за 200.000 превиткувања. Ако „Galaxy Z Fold 7“ навистина може да издржи близу 500.000 превиткувања, повеќето корисници нема да мора да се грижат за кршење на екранот пред да го заменат телефонот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП