26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic изгуби 6,7 милијарди долари

Panasonic изгуби 6,7 милијарди долари

panasonik

Јапонската компанија „Panasonic“  изгуби околу 6, 77 милијарди долари во рок од девет месеци, заклучно со декември.

Оваа компанија е на пат, на ниво на целата фискална година, да изгуби дури 8,3 милијарди долари.

Паднатиот гигант од областа на електониката, во одреден период забележа нето загуба од 6,77 милијарди долари, што е скоро двојно повеќе во однос на загубата од истиот период од 2011 година, пренесе агенцијата „AFP“.

Приходите на компанијата, исто така се намалија за 8,8 одсто на 59,06 милијарди долари, поради слабата продажба на телевизори со рамен екран. Меѓутоа „Panasonic“ оствари профит од работата од 1,32 милијарди долари, пред се, благодарение на фиксните трошоци, намалувањето и насочувањето на материјалните трошоци, соопшти компанијата.

Компанијата „Panasonic“, како и неговите конкуренти  „Sony“ и „Sharp“, бележат пад на продажбата поради глобалниот економски застој, како и поради високи трошоци за реструктуирање.

Исто така, компанијата „Sharp“ денес соопшти дека во рок од девет месеци заклучно со декември, ја дуплирала својата нето загуба на 4,6 милијарди долари.

Рејтинг агенцијата „Fitch“ во ноември  по прв пат го намалила кредитниот рејтинг на „Panasonic“ и „Sony“ на неинвестициско ниво, како што наведува, поради слабиот биланс и влошување на позицијата во глобалниот сектор за електроника.

Јапонскиот сектор за електроника претрпе низа проблеми, вклучувајќи ја и големата вредност на јенот, намалената побарувачка на клучните извозни пазари, силната странска конкуренција и стратешки грешки кои ги уништија финансиите на бројни компании.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП