6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодолски се сели во Дортмунд?

Подолски се сели во Дортмунд?

podolski

Јирген Клоп во германскиот репрезентативец во редовите на Арсенал гледа идеална замена за Левандовски, кој си заминува од клубот.

Подолски се уште се опоравува од повредата на задната ложа и од брзината на неговото опоравување зависи и дали Дортмунд ќе испрати официјлна понуда за Германецот во јануарскиот преоден рок.

Оливије Жиру е во одлична форма во Арсенал и Подолски тешко дека ќе успее да се наметне во стартниот тим, а уште потешко да ја достигне бројката од 16 голови, колку што постигна во минатата сезона.

Како и многу други фудбалери кои моментално не се во првиот план во своите клубови, така и Подолски би сакал да ја промени средината за да може да се најде на списокот на патници за Бразил.

Арсенал би требало да го пушти Германецот за цена од 10 милиони фунти, а тие пари не би биле проблем за екипата од Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП