21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ го менува Кедира?

Матиќ го менува Кедира?

nemanja matic

Тешката повреда на коленото која ја заработи Сами Кедира, отвори простор за Немања Матиќ да се пресели во Реал, а „кралевите“ веќе во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат српскиот интернационалец.

Кедира се повреди за време на пријателската средба помеѓу Италија и Германија. Иако Реал ќе инкасира преку два милиони евра од „FIFA“ поради таа повреда, во редовите на тимот од Мадрид немаат намера да седат со скрстени раце и да чекаат поранешниот играч на Штутгарт да се опорави.

Повеќе опции се во игра поради тоа што Бенфика во договорот на Матиќ стави обештетување од 50 милиони евра, иако се верува дека неговата реална цена е околу 30 милиони. Реал ќе се обиде во понудата да го вметне и Фабио Коентрао, како дел од трансферот, поради тоа што е познато дека Португалецот е незадоволен од минутажата која ја има и не би му пречело да се врати во клубот од кој дојде во Реал.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП