4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИНеделна анализа EUR/USD

Неделна анализа EUR/USD

iuiuiuiu

Претходната недела помина во знак на помешани економски објави во еврозоната и САД, повеќе позитивни за американскиот долар,а помешани за европската валута, при што проследивме пад или корекција на цената кај валутниот пар EUR/USD.

Најверојатно слабоста кај еврото е сеуште последица на намалувањето на каматната стапка од пред две недели, додека зајакнувањето на доларот е како резултат на зголемената вработеност од претходните 140.000 на 200.000 лица, а аналитичарите предвидуваа или поточно шпекулираа дека ќе изнесува рекордно ниски 120.000 лица кај производствениот сектор на приватните претпријатија кој не ги вклучува земјоделските производители и административниот сектор.

Овие статистики за вработеноста кои опфаќаат околу 80% од севкупниот вработен сектор ја разнишаа берзата а најповеќе влијаеја на падот на еврото во однос на американскиот долар кој се спушти до 1,3300 која е и една голема психолошка граница и една средна цена на овој валутен пар низ сите години во историјата од кога е воведено еврото како главна валута во еврозоната.

Предходната недела цената на EUR/USD се движеше доста шпекулативно во ниеден правец во мали рамки помеѓу 1,3360 и 1,3490 и може да се констатира дека е навлезена во една ренџ зона, од која најверојатно оваа недела врз основа на многуте последователни економски објави ќе излезе и ќе формира нов тренд, кој засега е неможно да се предвиде.

Утре во 12 часот следува извештајот за нивото на дифузија во Германија од страна на анкетираните германски инвеститори и аналитичари, кој предвидуваат благо зголемување на индексните поени од претходните 52,8 на 54,6, со што се влева некоја доверба за економско подобрување, но секако се чека на официјалните резултати. Доколку се објават подобри резултати од предвидените веројатно EUR/USD ќе забележи позначителен скок и пробивање на ренџ зоната над цена 1,3490 со веројатен понатамошен раст се до 1,3678 – ниво на отпор.

Во Среда оваа недела во 2 часот после полноќ е закажана прес конференција на претседателот во заминување на федералните резерви на САД Бен Бернаке, кој е еден директен учесник во предизвикувањето на американската економска криза и скоро секогаш неговите говори предизвикуваат недоверба кај инвеститорите и директно влијае врз пад на американската валута, притоа може да очекуваме повторно зголемен пад на доларот.

Во Среда попладне не очекуваат низа економски објави исто така во САД за просечните цени на сервисните услуги и материјалните добра и промената на индексот на малопродажниот сектор, кој се од значителна важност за валутата со што ќе се зголеми волатилноста на EUR/USD, а насоката на трендот ќе зависи од официјалните резултати. Доколку се објават полоши или слични резултати како предвидените веројатно доларот ќе губи на вредност и EUR/USD ќе продолжи со растот.

Четврток е ден на објави во еврозоната, а доколку го проследиме економскиот календар ќе забележиме значително позитивни предвидувања во секторот на ниво на дифузија кај анкетираните менаџери на преработувачката индустрија, што доколку се објават слични или подобри резултати еврото ќе биде најсилно на валутниот пазар за оваа недела.

Во секој случај тоа се само предвидувања, а доколку повеќето економски објави се поразителни за еврото, а поволни за доларот цената на EUR/USD ќе падне повторно до најниската вредност од 1,3300 и со можност за пробивање под истата и достигнување до 1,3160 како ниво на поддршка на поголем временски период.

Претходната недела беше мошне неизвесна, а исто така и оваа недела може да биде непредвидлива за насоката на EUR/USD доколку се објават помешани резултати.

Покрај оваа анализа која важи за цела недела, ќе објавуваме и дневни анализи според новите креирани формации и сите нови официјални објави во еврозоната и САД.

Неделен графички приказ:

eurusd

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП