19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди А0, модел базиран на Фолксваген Up!

Ауди А0, модел базиран на Фолксваген Up!

audi ao

Од Ауди се појавија информации дека до 2015-та година во производство ќе влезе „А0“, модел кој ќе биде базиран на Фолксваген „Up!“.

Ауди „A0“ ќе ја дели платформата со моделите „Up!“, „Mii“ и „Citigo“, но ќе ги има дизајнерските решенија на Ауди, како на пример трапезоидната предна решетка, „LED“ светлата и различните тркала.

Во ентериерот ќе има подобра пластика, кожни навлаки и богат мултимедијален систем.

Под хаубата овој автомобили најверојатно ќе го има 1.0-литарскиот „TSI“ мотор од „Up!“ – „GT“ концептот со 100 KS.

Нормално сите овие бенифиции со себе носат и значително повисока цена во однос на моделот на Фолксваген, а според информациите таа ќе биде околу 13.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП