19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДемба Ба си заминува од Челзи?

Демба Ба си заминува од Челзи?

demba ba

Како што тврдат извори блиски до клубот, на Демба му се здодеало да ја чека својата шанса и во јануари би можел да ги напушти редовите на Челзи.

Демба Ба оваа сезона не доби многу шанси за настап кај Жозе Мурињо.

Додека беше во Њукасл, тој беше еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата. Во Челзи стартуваше добро, но одеднаш застана, а оваа сезона скоро и да не добива шанса.

Мурињо сака во јануари да доведе барем уште еден напаѓач од светска класа и за Сенегалецот нема да има повеќе место. Агентот на Демба се труди, додека тоа не се случи, на време да му обезбеди на својот клиент ангажман во друг клуб.

Името на овој голгетер се поврзува со турскиот Бешикташ, а интересот е заеднички, но трансферот и натаму е далеку од реализација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП