Раководството на англискиот шампион Манчестер Јунајтед подготвува понуда од 52 милиони фунти за нов четиригодишен договор со Вејн Руни, јавуваат медиумите на островот.
Руни има важечки договорот со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната 2014/15, но премиерлигашот од Манчестер не сака да остави ништо на случајноста и изрази желба на подолг рок да ја обезбеди верноста на англискиот репрезентативец.
28-годишниот Руни во Манчестер дојде од Евертон во 2004 година. На 287 одиграни натпревари за тимот од „Олд Трафорд“ има постигнато 146 голови, а во 86 настапи во националниот дрес постигнал 38 погодока.
Руни во летниот преоден рок беше цел на повеќе европски екипи меѓу кои беа Арсенал, ПСЖ, Челзи, Баерн, а посебно евентуалниот негов трансфер беше нагласен кога го загуби првотимскиот статус по што изјави дека сака да го напушти клубот.
Но, ситуацијата се смени со доаѓањето на новиот менаџер на почетокот на сезоната и сега тој е стандарден во првиот состав, а времето ќе покаже дали ќе го продолжи договорот.