
Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске одлучи да остане на функцијата, откако потпиша нов двегодишен договор со Шпанската фудбалска федерација.


Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске одлучи да остане на функцијата, откако потпиша нов двегодишен договор со Шпанската фудбалска федерација.
Претходниот договор на 62-годишниот стратег истекуваше по завршувањето на Светското првенство во Бразил следната година.
„Можам да потврдам дека потпишав нов договор до 2016-та година. Така сега без поголем притисок можеме да ги започнеме подготовките за Мундијалот во Бразил, а и потоа и за натпреварувањето на Стариот континент“, изјави денеска на прес-конференција селекторот на „црвената фурија“.
Дел Боске го замени Луис Арагонес на функцијата по Евро 2008, а подоцна под негово раководство Шпанија ја освои светската титула во 2010-та, а минатата година ја одбрани и европската титула.