21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШест кандидати за ЗОИ 2022

Шест кандидати за ЗОИ 2022

oi zimski

Двојно повеќе се кандидатите за домаќини на Зимските олимписки игри во 2022-та година во споредба со овие четири години порано.

Меѓународниот олимписки комитет потврди дека се добиени барањата за шест кандидатури до истекот на крајниот рок на полноќ на 14-ти ноември.

Како што се очекуваше со своја кандидатура се вклучија Алмати (Казахстан), Пекинг (Кина), Краков (Полска), Лавов (Украина), Осло (Норвешка) и Стокхолм (Шведска). За игрите во 2018-т година, кандидатите беа само три града, а победник стана корејскиот Пјонгчанг.

МОК најави дека шестте градови претставуваат силна мешавина од традиционални и нови пазари за зимските спортови.

„Задоволен сум што шест градови ќе аплицираат за домаќини на Олимписките игри во 2022-та година. Овие градови и луѓе кои ги поддржуваат, имаат до јасно знаење од придобивките од Игрите и она што ќе остане за регионот по завршувањето на игрите“, рече претседателот на МОК, Томас Бах.

„Всушност додека самите игри оставаат наследство од спортска, социјална и економска гледна точка, многу градови заработија само од учеството во постапката дури и да не ја добија кандидатурата“, додаде тој.

Претстојат два чекори на техничка анализа на кандидатурите, обликување на кратка листа од најдобрите, а кулминацијата ќе биде изборот на домаќин на седницата на МОК на 31-ти јули 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП