3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе враќа Мајкл Фелпс!?

Се враќа Мајкл Фелпс!?

majkl felps

Американскиот пливач Мајкл Фелпс се подготвува за продолжување на натпреварувачката кариера. Носителот на 18 олимписки титули аплицирал за продолжување на контролите за допинг. Обично тоа е првиот чекор што прават спортистите за обновување на натпреварувачката кариера, откако не се натпреварувале подолго време.

Според информациите, Фелпс најверојатно одлучи да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та година. За 28-годишниот Американец тоа ќе биде петта Олимпијада.

Фелпс ќе може да се натпреварува повторно најрано во март, кога ќе истече задолжителниот деветмесечен период за враќање на натпреварувачот во анти-допинг програма.

Тренерот на Фелпс, Боб Боуман призна дека во почетокот на есента натпреварувачот започнал со вежбање и се обидува повторно да влезе во форма. Боуман додава дека се уште е премногу рано да се зборува за враќање на Фелпс во трките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП