28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранцуските клубови го одложија штрајкот

Француските клубови го одложија штрајкот

francija liga

Синдикатот на професионални фудбалски клубови во Франција (UCPF) денеска соопшти дека планира да го одложи планираниот штрајк на натпреварите во 15-тото коло од Првата лига и 16-тото од Втората лига.

„UCPF“ и Француската лига (LFP) претходно се договорија да стапат во штрајк поради воведувањето на „супер“ данокот за платите на фудбалерите.

„UCPF“ вчера имаше состанок со медијаторот на француската влада, а денеска соопштија дека го одложуваат бојкотот на натпреварите во Првата и Втората лига, кои се на програмата од 29-ти ноември до 2-ри декември.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд најави донесување на законот според кој данокот на платите ќе важи за оние фудбалери кои имаат плата од над милион евра и поради тоа ќе требаат да платат 75 проценти.

„UCPF“ бараше фудбалерите да бидат ослободени од овој данок, но Оланд го одби овој предлог.

Последен пат француските клубови штрајкуваа во 1972-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП