26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобил кој треба да се надополнува еднаш во 100 години

Автомобил кој треба да се надополнува еднаш во 100 години

vozilo torium

По патиштата ширум светот возат над милијарда автомобили кои директно или индиректно преку материјалните ресурси, потрошувачката на времето и штетната емисија на гасови го чинат човештвото илјадници милијарди евра. Замислете сите тие автомобили за погон да користат чист извор на енергија кој бара дополнување од само 8 грама гориво на секои 100 години!

Компанијата „Laser Power Systems“ (LPS) од Конектикат, САД, разви нов погонски систем кој како гориво користи еден од најгустите материјали кои можат да се најдат во природата, хемискиот елемент Ториум.

Овој елемент поради својата природа има потенцијал да произведува голема количина на топлина. Американската компанија експериментираше со ласер кој работи на база на торуим и кој ја загрева водата, правејќи ја во водена пареа. Оваа пареа е во состојба да придвижи мини турбина претворајќи ја топлотната во механичка енергија.

Моменталните модели на мотори имаат маса од околу 225kg и без проблем може да се сместат во истиот простор во кој современите модели ги имаат конвенционалните мотори. Според пресметките на извршниот директор на компанијата „LPS“, Чарлс Стивенс, 8 грама ториум може да направат количество на енергија еквивалентна на онаа која е потребна на просечен автомобил за еден век експлоатација.

Идеата ториум да се употреби како погонско гориво во автомобилот не е нова. „Loren Kalesus“ го дизајнираше во 2009-та година „Cadillac World Thorium Fuel“ концепт кој според неговата замисла како гориво го користи токму овој елемент.

Чарлс Стивенс е свесен дека луѓето би можеле да бидат загрижени поради тоа што ториумот е радиоактивен.

„Тенок лист на алуминиумска фолија е доволен да ве заштити од радијацијата која се емитува. Луѓето добиваат повеќе радијација додека се снимаат кај забаролекар, отколку што е случајот кај нашиот мотор“, објаснува тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП