4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн регистрира рекордни приходи во историскaта сезона

Баерн регистрира рекордни приходи во историскaта сезона

Bayern-Munich-Champions

Баерн Минхен регистрира општи приходи во вредност од 432.8 милиони евра за сезоната 2012-2013. Ова се најдобрите финансиски резултати во 113 -годишната историја на клубот.

Минатата сезона „баварците“ станаа првиот германски клуб кој освои три историски титули – Шампионската титула, Купот на земјата и трофејот во Лигата на Шампионите. Година порано приходите на Баерн беа малку над 332 милиони евра.

Парите од спонзорските договори се зголемија од 82 на 102 милиони евра. Од продажба на официјални предмети „баварците“ имаат заработено повеќе од 82 милиони евра во текот на изминатите 12 месеци од извештајниот финансиски период.

„Баерн имаше рекордни финансиски приходи за минатата натпреварувачка сезона. Тоа го потврди фактот дека клубот е меѓу најголемите во светот“, изјави финансискиот шеф, Јан- Кристијан Дрезен на генералното собрание на Баерн.

Официјалните членови на „баварците“ исто така се зголемија од 195.689 на 223.985 во последните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП