Легендата на групата „Квин“, Фреди Меркјури, добил ќерка од тајна афера во 1976 година со сопругата на близок пријател.
Досега, нејзиното постоење го знаеја само неговите родители, сестрата, членовите на бендот и долгогодишната партнерка Мери Остин.
За прв пат, таа одлучи да проговори во новата биографија на „Love, Freddie“, од авторката Лесли-Ан Џонс. Сепак, во книгата тој е споменат само со неговите иницијали – Б.
Пред да почине од пневмонија поврзана со СИДА во 1991 година, Фреди ѝ оставил на ќерка си дури 17 тома лични дневници. Таа ги чувала во тајност со години, но неодамна ѝ ги дала на авторката како основа за книга што ќе биде објавена на крајот од годината.
Денес таа живее во Европа, работи како медицински професионалец и има свое семејство – што го прави Фреди постхумно дедо.
Во писмо пронајдено во книгата, Б пишува:
„Фреди Меркјури беше и останува мој татко. Имавме многу блиска и полна со љубов врска од моментот кога се родив, па сè до последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше целосно посветен. Околностите на моето раѓање може да изгледаат необични, дури и шокантни, но тоа никогаш не ја намали неговата посветеност и љубов. Ме чуваше како највредно богатство.“
Фреди и Мери никогаш немале деца, иако останале многу блиски до самиот крај на неговиот живот. Мери подоцна родила два сина со друг партнер и се верува дека знаела за постоењето на неговата тајна ќерка.
Книгата „Love, Freddie“ е најавена како најголемото откритие во светот на шоу-бизнисот во последните неколку децении, објавува „Дејли меил“.