1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос сака поголема плата!

Рамос сака поголема плата!

ramos plata

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изрази желба да потпише нов договор со клубот, но со подобри лични услови. Шпанскиот репрезентативец одлучи дека тој треба да биде следниот голем фудбалер, кој ќе го продолжи договорот, откако тоа веќе го сторија Кристијано Роналдо, Пепе и Диего Лопез.

Сегашниот договор на Рамос истекува во 2017-та година, но во Реал немаат пракса да преговараат со играчи, чии договори остануваат 2 и повеќе години.

За 27-годишниот фудбалер најверојатно ќе биде направен исклучок, бидејќи тој е во многу блиски односи со Флорентино Перез и го споменуваат како еден од неговите миленици. Моментов Рамос заработува чисти 5.5 милиони евра годишно, но желбата на претседателот е двајцата капитени – Рамос и Касиљас – да се вторите најдобро платени фудбалери по Кристијано Роналдо.

Самиот централен дефанзивец пак изрази желба да ја заврши кариерата на „Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП