20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс го сака Иниеста!?

Мојс го сака Иниеста!?

andres iniestata

Според информациите од Англија, Дејвид Мојс ќе се обиде да го искористи евентуалното незадоволство на Иниеста, околу неговото продолжување на договорот со каталонците, па да го доведе одличниот Шпанец на „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.

Менаџерот на „ѓаволите“ внимателно ја следи ситуацијата околу новиот договор на Андрес Иниеста.

Доколку почувствува дека постојат реални шанси шпанскиот репрезентативец да ги напушти редовите на шампионот на Шпанија и да дојде на Островот, тој е подготвен веќе во јануари да започне со преговорите со Барселона.

Како главна причина за незадоволството на Иниеста во сегашниот клуб е тоа што клубскиот лекар, Емили Рикарт е отпуштен, а кој му помогна на Иниеста да се опорави од бројните повреди на мускулите.

Мојс веќе еднаш се обиде да доведе играч на Бареслона. Тој летоска го сакаше Фабрегас, но до реализација на трансферот не дојде. Мојс исто така ги пропушти можностите да ги земе Андреа Херера од Атлетик Билбао и Сами Кедира од Реал Мадрид.

Меѓутоа, доколку успее средината на теренот да ја засили со играч од светски калибар, каков што сигурно е Иниеста, тогаш навивачите сигурно ќе му ги заборават досегашните (не)остварени трансфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП