4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо го менува Пирло во Јуве?

Алонсо го менува Пирло во Јуве?

Andrea-Pirlo-Xabi-Alonso

Јувентус ќе се обиде да го доведе Чаби Алонсо од Реал Мадрид, ако Андреа Пирло не потпише нов договор. Ова го тврди „Кориере дела Сера“.

Италијанецот ја одработува последната година од договорот со „бјанконерите“ и даде јасно до знаење дека ќе остане во Торино само ако продолжи да биде клучен фудбалер за тимот.

Во исто време договорот на Алонсо со Реал исто така истекува во јуни и доколку не ја продолжи соработката со „кралевите“, тој би преминал во Јуве како слободен играч.

31 -годишниот Шпанец беше предмет на интерес од Јуве уште додека беше играч на Ливерпул, но тогаш „бјанконерите“ решија да го ангажираат Кристијан Поулсен.

Раководството на Јувентус веќе одржаа прелиминарни разговори со Алонсо. Во последно време италијанскиот гигант се прослави со привлекувањето на слободни играчи како Пирло, Пол Погба и Фернандо Љоренте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП