1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрендот на опаѓање на продажбата на автомобили во Франција продолжува

Трендот на опаѓање на продажбата на автомобили во Франција продолжува

francuska

Продажбата на нови автомобили во Франција продолжува и натаму да oпаѓа, продолжувајќи ја тенденцијата на пазарот од 2012 година, јави допсиникот на МИА од Париз.

Во јануари е забележан пад од 15 отсто со само 124.952 продадени автомобили, соопшти Комитетот на француските автопроизводители.

Француската автомобилска индустрија продолжува и натаму да опаѓа. Во споредба со јануари 2011 година, продажбата на „ПСА – Пежо Цитроен“ опадна за 16,7 отсто, додека „Рено“ заедно со неговата филијала „Дачија“, успеа да ја ублажи штетата забележувајќи пад од 7,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП