Осумгодишно момче од американската држава Кентаки случајно нарачало 70.000 лижавчиња преку Амазон, а неговата мајка ја открила оваа нарачка кога веќе било предоцна и пратката била на пат.
„Се исплашив“, рекла Холи Лафаверс, чиј син Лиам ги нарачал лижавчињата преку Амазон, објави Њујорк Тајмс.
Додека таа била зафатена со готвење, осумгодишниот Лиам си играл со телефонот и случајно нарачал лижавчиња за достава до дома.
Цената за 69.000 парчиња била 4.200 долари со сите додатоци.
Кога се јавила мајката во Амазон, веќе било предоцна и ѝ било кажано дека пратката е на пат.
Сепак, Лафаверс успеала да преговара со компанијата, која ѝ ги вратила парите.