12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ: Нов опасен предизвик циркулира на интернет, насочен кон децата

РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ: Нов опасен предизвик циркулира на интернет, насочен кон децата

Нов предизвик циркулира на социјалните мрежи кој може да биде опасен за децата.

Предизвикот Chromebook, именуван по линијата на лаптопи на Google, ги охрабрува учениците да вметнуваат метални предмети во USB портите на нивните училишни компјутери, со намера да предизвикаат искри, чад и потенцијално пожар.

Претставник на TikTok за NBC News изјави дека видеата од предизвикот не се ексклузивни за нивната платформа и дека термините за пребарување како „Chromebook Challenge“ се блокирани.

Пребарувањето на TikTok може да прикаже видеа на кои децата се обидуваат да го спроведат овој опасен и штетен предизвик. Училиштата, како што се очекуваше, не се задоволни.

Дејвид Винстон, директор на средното училиште Линколн Парк во Њу Џерси, испрати писмо до родителите предупредувајќи ги за опасностите од овој чин.

– Очекуваме нашите ученици да донесуваат одговорни одлуки и да се воздржат од какво било однесување што може да доведе до повреда, оштетување на имотот, дисциплински мерки или губење на привилегии – напиша тој, а пренесува CNet.

– Овој вид постапка се смета за форма на вандализам и доколку се случи пожар, може да се третира како подметнување пожар – додаде директорот на ова училиште.

Тој исто така потсети дека родителите се одговорни за каква било штета предизвикана на овој начин, па затоа децата можеби нема да го сметаат овој предизвик за смешен кога ќе им стигне сметката за оштетен или уништен лаптоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП