4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПет фудбалски трансфери кои може да се случат во јануари

Пет фудбалски трансфери кои може да се случат во јануари

football-transfert-market

Со наближувањето на зимскиот преоден рок гласините околу тоа кои од најдобрите играчи ги сакаат големите тимови, почнуваат да се зајакнуваат. Еве неколку кои, ако се реализираат, би биле од голема важност до крајот на сезоната.

5. Марко Ројс (Борусија Дортмунд).

Soccer - Bundesliga - Schalke 04 vs. Borussia Dortmund BVB

Дваесет и четири годишниот германски репрезентативец стана еден од најпосакуваните играчи во Европа. Се зборува дека Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се обидуваат да ги обезбедат неговите услуги во оваа зима. Има некаква веројатност тој да се раздели со Борусија Дортмунд во јануари, но тоа зависи од продажбата на неговиот соиграч Роберт Левандовски. Ако Левандовски си замине, тешко може да се поверува дека Борусија ќе се раздели со двајцата најдобри играчи, освен ако и за двајцата нема некакви многу големи понуди.

4. Хуан Мата (Челзи).

Chelsea win the Europa League

По враќањето на Жозе Мурињо на „Стемфорд Бриџ“, Мата добива многу малку шанси за докажување и се зборува дека шпанскиот репрезентативец може да оствари трансфер во Манчестер Јунајтед вреден 35 милиони фунти. Постои голема веројатност Мата да го напушти Челзи во овој преоден рок. Прашањето е дали сепак ќе остане во Премиер лигата, бидејќи се споменува дека и ПСЖ исто така подготвува понуда за него.

3. Луис Суарез (Ливерпул).

Soccer - Barclays Premier League - Liverpool v Manchester United

Откако цело лето не знаеше што ќе биде со неговата иднина, Луис Суарез остана на Енфилд. Изгледа сепак историјата околу него се повторува уште еднаш, откако се појави информацијата дека Реал Мадрид упатиле многу привлечна понуда до Ливерпул, според која шпанскиот гигант може да ја плати клаузулата за неговото ослободување и на англискиот тим да му даде уште еден играч. Тешко е да се поверува дека откако остана на Енфилд, а Ливерпул ја започна сезоната ветувачки, тимот ќе сака да се раздели со него, освен ако нема многу примамлива понуда.

2. Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд).

Soccer - UEFA Champions League Group F - Arsenal vs. Borussia Dortmund

Полскиот напаѓач е поврзан со премин во трите од најголемите клубови во Европа – Челзи, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Тој е уште еден играч за чија иднина во текот на летото имаше многу гласини. Тие не престанаа дури и откако сезоната започна. Речиси сигурно е дека полскиот напаѓач ќе смени тимот во текот на зимата, но прашањето е каде ќе се најде на крајот. Полски весник напиша дека преминот во Минхен веќе е финализиран, но според новите гласини Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис.

1 . Диего Коста (Атлетико Мадрид).

2013 La Liga Football Atletico Madrid v Espanyol Feb 24th

Изненадувањето на сезоната е најновиот додаток во нападот на шпанскиот национален тим – Диего Коста, кој е поврзан со трансфер вреден 30 милиони фунти во Арсенал. Шансите да ја напушти Шпанија во јануари, сепак се мали. Коста оваа сезона ја започна многу добро, а и Атлетико Мадрид по подолго време ја има најдобрата сезона и веројатно нема да сакаат да се разделат со него пред крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП