Компанијата Алроса објави дека планира да го продаде дијамантот „Ново сонце“, најскапоцениот камен во историјата на Русија, редок жолт, со тежина од повеќе од 100 карати.
Раководителот на фабриката Алроса во Јакутија, Ајсен Николаев, изјави дека планираат да го продадат дијамантот на аукција, но не прецизираше кога точно би се случило тоа.
Компанијата Алроса во Република Саха (Јакутија) и Архангелската област се занимава со истражување, производство, продажба и сечење на необработени дијаманти, пишува Танјуг.
Руската Федерација поседува 33,03 проценти од акциите на Алроса, Јакутија поседува 25 проценти, а администрациите на областите (улусите) на републиката каде што работи компанијата поседуваат осум проценти.
Приближно 34 проценти од акциите се во слободен промет.