3 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОгромен астероид се приближува кон Земјата! НАСА ги објави најважните информации

Огромен астероид се приближува кон Земјата! НАСА ги објави најважните информации

Американската агенција за цивилна вселенска програма НАСА следи астероид со големина на куќа, кој минува покрај планетата Земја со брзина од 68.075 километри на час.

Овој астероид е познат како „2025 HM4“, а како што известува НАСА, неговата траекторија го донела на космички мало растојание од 757.000 километри од Земјата.

Според моменталните проценки од Центарот на НАСА за проучување на објекти во близина на Земјата, дијаметарот на овој астероид е помеѓу 16 и 33 метри.

Според извештаите, оваа вселенска карпа не е единствената што се приближува кон нашата планета оваа недела.

НАСА, исто така, следи два астероиди чија големина ја споредуваат со авионот: „2024 BF“ и „2025 GT1“, а нивните дијаметри се од околу 33 до 43 метри.

Денес, тие исто така ќе прелетаат покрај Земјата на растојание од околу 3,5 до 4,2 милиони километри.

Освен нив, се очекува „2025 HJ5“ со дијаметар од околу 14,6 метри денес да помине покрај Земјата на растојание од околу четири милиони километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП