4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 13.11.2013

Техничка анализа EUR/USD 13.11.2013

nbnb

Овој месец следиме поголема корекција или можеби нов надолен тренд кај форекс паротEUR/USD.

Цената на еврото во однос на доларот претерпе голем пад после рекордниот скок од 1,3800 до моменталната цена 1,3460 поттикната од низата пресвртливи економски податоци кај еврозоната со намалувањето на каматната стапка и новата објава за вработеноста во Соединетите Американски Држави.

Намалувањето на каматната стапка од претходните 0,5% на 0,25% следеше како резултат на неповолно намалената инфлација во повеќето силни економски држави во еврозоната која задава проблеми во производствениот сектор и истата објава директно влијаеше врз намалувањето на вредноста на европската валута, а згора на тоа капак ставија и американците кои објавија неверојатни податоци за зголемувањето на бројот во вработениот сектор за месец октомври во износ над 200.000 лица, а аналитичарите веќе трет пат, дали манипулираат или се манипулирани, објавија прогноза за уште поголем пад на вработени лица од претходните 140.000 на 120.000.

По овие објави во двете најсилни економии на светот еврото забележа голем пад во однос на доларот, што беше многу логично, а дали овој сентимент ќе продолжи да ја паѓа сеуште цената на EUR/USD ќе дознаеме оваа недела.

На графичкиот приказ ги одбележуваме двете критични нивоа, горно ниво на цена 1,3520 и долно ниво на цена 1,3465. Горното ниво ни претставува една бариера за нагорен тренд, а долното ниво под кое е моменталната вредност на EUR/USD ни претставува највисока граница за надолен тренд.

Доколку цената остане под долната граница од 1,3465 и проследиме засилен надолен моментум на некој од помалите временски периоди (М5 или М15) најверојатно цената ќе падне на следната поддршка 1,3170.

Доколку по некои нови економски објави, дали позитивни за еврото или негативни за доларот, цената порасне и го пробие горното ниво над 1,3520, најверојатно ќе проследиме повторно нагорен тренд до претходниот највисок врв од1,3800.

Моментално како што стојат работите на фундаментална и техничка основа шансите за надолен тренд се поголеми, а веројатноста за евентуалниот пад според нашите анализи е 70%.

Графички приказ:

eurusddaily

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП