10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ја продолжи соработката со УНИЦЕФ

Барселона ја продолжи соработката со УНИЦЕФ

barsa unicef

Фудбалскиот клуб Барселона го продолжи договорот со УНИЦЕФ до 2016-та година. Шпанскиот шампион ќе продолжи да плаќа по два милиони долари по сезона и на своите дресови ќе продолжи да го рекламира логото на детскиот фонд на Обединетите нации.

За прв пат Барса го стави логото на УНИЦЕФ на дресот во 2006-та година, а ѕвездата на каталонскиот клуб Лионел Меси е еден од амбасадорите на добра волја на организацијата. Во моментов логото на УНИЦЕФ и испишано на грбот на дресовите на Барселона.

Од 2011-та година на предниот дел на дресовите стои натписот на „Катар ервејс“, еден од генералните спонзори на „сино-црвените“.

Првично натписот УНИЦЕФ беше прикажан на предниот дел на дресовите на Барса, но неколку сезони подоцна беше преместен во задниот дел. Поради оваа причина раководството на шпанскиот шампион беше критикуван од медиумите и навивачите од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП